Бомбата која отчукува и кусиот период

Од:

Катимерини – Атина

Она што ги прави изборите на 20 септември различни од другите, е што не е јасно за што ќе гласат Грците. Со други зборови – каква и влада да се формира, во каков ли формат, ќе го има задолжението да ја реализира третата програма за спас која беше ратификувана во Парламентот од мнозинството на Сириза, Нова демократија, Потами и од Пасок.

Веројатноста некои од условите да бидат предоговарани е речиси нула, прво затоа што времето изминува, а второ затоа што меѓународните кредитори на Грција немат намера за уште преговори.

Тоа би требало да помогне за еден спокоен предизборен период. Но наместо тоа, тонот станува се погруб со приближувањето на 20 септемри. Се зголемуваат шансите за пропаста на тоа за што зборуваат политичарите и за она кое ќе треба да се направи во управувањето со државата.

Поранешниот премиер Алексис Ципрас е на чело на изброната трка без поддршка од тврдото јадро на Сириза. Тој во основа е сам и всушност се надева сам да ги добие изборите, особено откако повеќе пати ја отфрли можноста да учествува во упавувањето со досегашните опозициски партии.

Она што го наследи Ципрас од претходните влади на Андонис Самарас и Евангелос Венизелос беше бомбата која чека да пукне. Тој ја спречи експлозијата која можеше да ја доведе земјата до целосно разнебитување откако се согласи – во последен момент, на договор кој вклучува проблеми ставени под тепих од претходните влади во последниве пет години.

Но, таа трета програма за спас е многу моќна бомба, а времето истекува. На Ципрас ќе му беше удобно да дозволи некој друг да ја оствари програмата. Тоа ќе му дадеше време да формира сопствена партија, а не да биде на чело на група од непокорни политичари. Но, тој избра да се бори до крај, за да ја зачува власта.

Новиот претседател на Нова демократија, Еванлеглос Мејмаракис, исто е неопходно на ја реформира партијата, но тој беше поставен на чело на битката за која се стравува дали воопшто може да ја добие. Малку партиски лидери во Грција се соочувале со таква сложена ситуација и тоа во време кога европските лидери изгледа дека претпочитаат – во името на стабилноста, „рационалното“ лево да е на власт во Атина поеќе отколку да е повторно во опозиција.

Напорите за претворање Сириза од револуционерна во традиционална партија е огромна цена не само за Ципрас, туку и за земјата, делумно затоа што Нова демократија го немаше времето кое и беше потребно за да се реформира.

Резултатот од изборите сега ќе покаже дали Грција се насочила кон партиите со крајни ставови.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит