НБА ги смени правилата за плеј-офот

Од:

Раководството на НБА лигата одлучи да промени неколку правила кои се однесуваат на плеј-офот, а на силата стапуваат веќе од сезоната 2015/16.

Како што е соопштено на официјалниот сајт на најсилната светска кошаркарска лига, се укинува правилото победниците во дивизиите автоматски да стекнуваат предност на домашен терен во разигрувањето за титулата.

Сега распределбата на местата во плејофот, ќе зависи од вкупниот учинок и поредокот во конференциите. Така, победниците во дивизиите нема да биде во можност автоматски да се најдат на првите четири места.

Исто така НБА одлучи да ги промени правилата за распределба на позицијата во случај две екипи да имаат ист ефект на крајот од регуларниот дел.

Во иднина, главен параметар ќе биде резултатот на меѓусебните дуели, а ако овој критериум е еднаков, тогаш предност ќе има победникот во дивизијата.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот