Анкета: Предност на СИРИЗА пред Нова Демократија од само 0,5 отсто

Од:

Во пресрет на предвремените парламентарни избори во Грција, закажани за 20 септември, Коалицијата на радикланата левица (СИРИЗА) на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас има предност од само 0,5 проценти пред конзервативната партија Нова демократија, покажуваат најновите анкети на јавното мислење.

Според истражувањето на агенцијата „Пулс“, направено за телевизијата „Акција 24“, СИРИЗА ужива поддршка на 26,5 проценти од грчките избирачи, додека популарноста на Нова демократија изнесува 26 отсто.

Иако, СИРИЗА на стартот на изборната кампања важеше за фаворит за победа на изборите, анектите на јавното мислење спроведени последнава недела укажуваа дека партијата ќе води „мртва трка“ со Нова демократија на Вангелис Меимаракис.

Ципрас поднесе оставка на премиерската функција кон крајот на август по само седум месеци на власт, како последица на расколот што настана во СИРИЗА околу новата програма за спас на Грција, поради чие усвојување дел од пратениците од левото крило ја напуштија партијата и формираа нова политичка групација.

Според аналитичарите, токму ваквиот раскол во СИРИЗА е причина за неизвесниот резултат на претстојните парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит