Турските сили влегоа на ирачка територија во потрага по курдски бунтовници

Од:

Турските специјални единици денеска влегоа на територијата на северен Ирак поради „краткотрајна операција“ за пронаоѓање на пребегнати курдски бунтовници, соопшти турски официјален претставник.

Тој изјави дека турските воени сили ја преминале границата со Ирак барајќи бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК), кои учествувале во бомбашкиот напад врз минибус во источниот дел на Турција, во кој загинаа 16 турски војници.

Турскиот владин претставник нагласил дека станува збор за „краткотрајна мерка која имала за цел да го спречи бегството на терористите“.

Во меѓувреме шефот на турската држава, Реџеп Тајип Ердоган истакна дека „нема да им ја остави земјата на терористите од ПКК“ по серијата смртоносни напади извршени од курдските бунтовници.

– Нема да им ја оставиме оваа држава на тројца или петмина терористи, изјави Ердоган во телевизиско обраќање.

ЕУ изрази загриженост од ескалирањето на насилството во Турција и ги повика инволвираните страни за прекин на огнот.

– Загрижени сме поради ескалацијата на насилството и безбедносната ситуација во Турција. Ги осудуваме терористичките напади на борците од ПКК и бараме итен прекин на огнот од двете страни и враќање на преговорите, истакна портпаролката на ЕУ, Маја Коцијанчич.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак