Германија ќе воведе супер брз интернет за сите свои граѓани

Од:

Германските власти се обврзаа до 2018 година сите граѓани да имаат пристап до интернет со брзина од над 50 Мбпс (мегабити во секунда) со што ќе стане земја со најбрз просечен интернет во светот.

Според извештајот на една од водечките светски компании за нови технологии АКАМАИ од САД сегашната просечна брзина на светско ниво е оклу 5 Мбпс а земја со најбрз интернет во моментов е Јужна Кореја со околу 24 Мбпс. Просечната брзина на интернетот во Германија е 11 а во САД 11,9 Мбпс.

Според анализите Германија нема да има тешка и скапа задача затоа што сега околу 70 % од населението има пристап до мрежи со брзина од 50 Мбпс или побрзи, а за да се дојде до сто процентна покриеност со супер брз интернет на владата во Берлин ќе и бидат потребни околу 2,7 милијарди евра.

Во остварување на целта ќе помогнат и локалните интернет провајдери кои што понатаму би имале корист од зголемената брзина. Германската Влада најави дека државата ќе учествува со половина од трошоците за остварување на целта а дека дополнителни 40 % ќе бидат добиени со партнерство со развојни програми на покраинските власти со што остануваат само 10 % од инвестицијата која што треба да ја покрие бизнис заедницата или локалните власти.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ