Испратила 12 премиери, може да вози без дозвола, слави два родендена и не може да биде уапсена

Од:

Пословни дневник – Загреб

На прославите на дијамантниот јубилеј на Елизабета пред три години учествуваа неколку милиони луѓе. Меѓутоа, во согласност со својот дискретен стил, нејзините соработници велат дека сега не сака никаква помпа, поради тоа што се запишува во историјата како најдолга владетелка.

По 63 години на престолот кралицата Елизабета идната недела ќе стане британска владетелка со најдолга служба на престолот, но шансите да абдицира во корист на својот син Чарлс, како што направија некои други остарени европски монарси, речиси се никакви.

Елизабета втора (89) во септември според должината на стажот на тронот ќе ја надмине својата прабаба Викторија. Извори блиски на кралицата велат дека нема никаква намера да ја следи европската мода на кралските абдикации. Тоа значи дека принцот Чарлс, кој на престолот веќе чека најдолго од кој било престолонаследник во британската историја, ќе почека уште некое време.

– Се обврзувам пред сите вас дека целиот мој живот, дали краток или долг, ќе биде посветен на служење на вас и на нашето големо империјално семејство – рекла Елизабета во 1947 година во обраќање по повод својот 21 роденден, пет години пред да стане кралица. Надминувањето на рекордот на Викторија повторно поттикна шпекулации за можна абдикација. На прашањето дали тоа е можно, еден висок извор од палатата одговори: – Доживотно, значи доживотно.

kralicata-sassa

– Кралицата нема да абдицира, кралицата не смее да абдицира, нема баш никаква причина да абдицира, таа е посветена кралица – рече историчарот на монархијата Хуго Викерс, потенцирајќи ја улога на Елизабета како поглаварка на Англиканската Црква.

Абдикацијата на чичкото на кралицата Едвард VIII, кој тоа го направил од љубов, а не поради старост, се покажала доволно трауматска. Таа состојба ја одвела монархијата во уставна криза и го довела на трон неодлучниот татко на Елизабета.

Во Холандија и Шпанија монарсите абдицирале, во Британија тоа нема да биде случај. Во Холандија и Шпанија долговечните монарси неодамна одлучиле да отстапат сметајќи дека созреало времето за новата генерација.

Холандската кралица Беатрикс недолго пред својот 75 роденден во 2013 година објави дека наскоро ќе абдицира во корист на синот Вилијам-Александар. – Не се повлекувам бидејќи обврските ми се претешки, туку верувам дека дојде време одговорноста за водењето на земјата да се пренесе на новата генерација – рекла таа.

Минатата година претходно многу популарниот шпански крал Хуан Карлос абдицираше во корист на синот, по низа скандали кои го потресоа кралското семејство. И тој рече дека новата генерација има право да ја преземе водечката улога.

Во Британија малкумина бараат Елизабета да абдицира, ниту пак зборуваат дека време е за Чарлс. Попрво ќе биде спротивното, бидејќи според анкетите Елизабета во популарноста многу го надминува синот.

parada-kralica-rodenden2

Британците не сакаат република

Исто така, само 19 отсто Британци сакаат земјата да стане република. Дури и цврстите републиканци како лабуристичкиот пратеник Пол Флин, зборуваат дека монархијата е сигурна додека е во рацете на Елизабета.

– Со тоа се помирив – вели Флин. – Но, прашање е дали така ќе биде под Чарлс.

За разлика од Елизабета која се држи строго политички неутрална, Чарлс сака да се меша во разни политички теми и во писма на министрите ги изнесува своите ставови. – Тоа јавноста веројатно долго нема да го трпи, а политичарите сосема сигурно не – вели аналитичарот Филип Марфи.

Флин смета дека по смртта на кралицата треба да се спроведе референдум за иднината на монархијата и за прескокнување на генерацијата за да се прескокне Чарлс и круната да дојде директно на принц Вилијам, во јавноста најпопуларен член на кралското семејство.

Марфи пак смета дека Британците имаат поважни проблеми од реформи во монархијата. – Владее чувство дека она што не е расипано не треба да се поправа – рече тој.

Кога новинарите пред три години го прашале дали кралицата треба да абдицира и дали круната треба да ја прескокне генерацијата која следи, премиерот Давид Камерон одговорил: – Не доаѓа предвид.

mandela-elizabeta

Елизабета монархијата ја направи популарна

И додека светот и британското општество драстично се променија во текот на нејзиното владеење, кралицата секогаш изгледаше како поддршка и фактор за стабилност. Наспроти траумите од 90-тите години од минатиот век, кои дури се заканија на опстанокот на монархијата, Елизабета илјада години старата институција успеа да ја доведе во ново време на популарноста.

Британија е поурамнотежено општество бидејќи старите класни поделби беа се помалку изразени и разликите темелени на потеклото се помалку се гледаа, а тоа се одрази и на самата монархија.

– Кралското семејство е помалку елитистичко. Монархијата продолжува да се одвојува од општествената пирамида предводена од благородништвото и се обидува да се прикаже како бескласна – рече кралскиот биограф Роберт Лејси.

На почетокот на владеењето Елизабета беше гламурозна фигура која го одразуваше британското повоено воскреснување, но 40 години подоцна кралското семејство изгледаше само како добар материјал за написи за славните во таблоидите.

Иако нејзиниот брак со Филип, грчки принц, секогаш бил одличен, три од четирите нејзини деца со насладување на таблоидите се разведоа во 1992 година, која Елизабета ја нарече грозна година.

Смртта на принцезата Дајана во сообраќајната несреќа во Париз во 1997 година, несомнено беше најцрниот дел од долгото владеење на Елизабета. Во очите на јавноста која искрено жалеше, кралицата изгледаше немоќно и под притисок на јавното мнение мораше да се врати од Шкотска во Бакингам за да се обрати на поданиците кои тоа го бараа од неа со денови.

– Таа недела монархијата изгледаше како да е растресена до темел – вели Луис. Меѓутоа, кралицата успеа да ја издигне монархијата од црните денови од 90-тите години и да ја поведе во нови висини на популарноста.

Аналитичарите велат и дека Елизабета делувала како фактор за стабилност во време на големите социјални немири и растот на јавната недоверба во избраните политичари, па се претвори во неизбежен составен дел на британскиот идентитет.

– Монархијата имаше подеми и падови, но тоа многу не ја промени перцепцијата на кралицата во јавноста. Таа стана важен дел од начинот на кој ние се гледаме како нација – вели Марфи.

Ujedinjeno-Kraljevstvo-Velike-Britanije-i-Severne-Irske-Kraljica-Elizabeta-II-670x446

Елизабета испрати 12 премиери и се прости со Британското Царство

Елизабета стана кралица на историската игра на судбината. Нејзиниот татко Едвард VIII абидицирал поради љубовта кон американската распуштеница Валис Симпсон. Имала десет години кога круната преминала на нејзиниот татко Џорџ VI.

Имала 25 години кога татко и починал на 6 февруари 1952 година. Кралица станала автоматски во Кенија, каде со сопругот била на службен пат. Крунисана била по една година на церемонија во Вистминстерската опатија која во живо била пренесувана на телевизија.

Станала 40-та владетелка во кралската линија која почнува со Вилијам Освојувачот во 1066 година. На тронот испратила 12 премиери, почнувајќи од Винстон Черчил и се простила со Британското Царство, останувајќи без кралскиот имот од Африка до Хонг Конг.

Како таа тоа го прифатила никој не знае бидејќи во текот на владеењето не дала ниту едно интервју, а увид во нејзиниот карактер се добива и од нејзините кратки церемонијални појавувања на телевизија и од коментарите на другите членови на семејството или луѓе кои и се блиски.

Иако со 63 години долго владеење е британската рекордерка, далеку е од рекордот во глобални рамки. Најдолго во историјата владеел свазилендскиот крал Собхуза II, речиси 83 години до својата смрт во 1982. Кога се во прашање поголемите европски земји, таа титула припаѓа на францускиот крал Луј XIV кој на тронот владеел 72 години. Додуша, тие двајцата ги наследиле престолите многу млади.

И актуелниот тајландски крал Бхумибол Адалиадеј, кој е една година помлад од Елизабета, на тронот од неа е подолго шест години.

2B3FA58300000578-3192515-Dressed_in_an_elegant_blue_hat_the_Queen_is_seen_in_front_of_a_t-a-107_1439222581300

На прославите на дијамантниот јубилеј на Елизабета, пред три години учествуваа неколку милиони луѓе. Меѓутоа, во согласност со својот дискретен стил, нејзините соработници велат дека сега не сака никаква помпа, бидејќи влегува во историјата како најдолга владетелка.

Да се биде Елизабета II, носи и некои привилегии, освен тие евидентните како живот во дом со 700 соби, за каков Британците можат само да сонуваат.

Таа е единствено лице во кралството која смее да вози без возачка дозвола. Таа и така се издава во име на Нејзиното Височество, па е бесмислено кралицата да си даде дозвола сама на себе. Исто важи и за сообраќајната дозвола, пасошот, личната карта и другите документи.

Единствено кралицата има право на два родендена годишно. Родена е на 21 април, а државниот роденден се слави една сабота во јуни.

Елизабета не мора да излезе од дома за да дојде до пари како што мора просечен граѓанин, бидејќи има свој банкомат во подрумот во Бакингамската палата.

Сите можат да бидат уапсени освен кралицата. Судовите донесуваат пресуди во име на суверенот, т.е. неа, па би било апсурдно да се прогонува сама себе. Исто така, никој не може да ја принуди да сведочи на суд, бидејќи обвинителството настапува во нејзино име.

Кралицата е изземена од законите за право на јавно информирање. А тоа значи дека нејзините тајни никој не може да ги дознае.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца