Кенијците со двоен триумф на Охридскиот атлетски маратон

Од:

Кенијците Абел Кибет Роп и Ребека Џепширшир Корир убедливи на 29-тиот Меѓународен атлетски маратон што се одржува во Охрид по повод 8 септември – Денот на независноста на Република Македонија.

Абел Кибет Роп 30-километарската делница од Свети Наум до Охрид ја истрча за 1:43:10 часа, додека неговата сонародничка Корир патеката ја мина за 1:48:12 часа, соборувајќи го досегашниот рекорд на србинката Ана Суботиќ од 2010 година.

Второпласиран атлетичар е Унгарецот Тамаш Наѓи (1:43:39), додека како трет целната линија на Кејот на Охридското Езеро ја мина Саша Столиќ (1:48:12) од Србија.

Најдобропласиран македонски маратонец на денешната трка беше Игор Цветановски, кој делницата од Свети Наум до Охрид ја истрча за 2:00:12 часа.

Најдобрите маратонци покрај одличја и пехари добија и парични награди, кои им ги врачи претседателот на Европската атлетска асоцијација, Свен Арне Хансен.

Победниците во машка и женска конкуренција после трката изјавија дека се првпат во Македонија, оти не им било тешко да ги истрчаат 30-те километри.

–   Одлично се чувствувам како победник на трката, уште од почетокот атакував на победа. Секако дека ќе дојдам повторно тука на овој маратон, рече Роп.

Неговата сонародничка Корир,сега веќе рекордерката на Охридскиот маратон, рече дека воопшто не и било проблем да ја истрча предвидената делница.

Охридскиот атлетски маратон е еден од потешките трка во овој дел на Евопа, поради специфичната конфигурација на теренот, но од друга страна тој е исклучително атрактивен токму поради фактот што речиси постојано во текот на трката атлетичарите трчаат на самиот брег на езерото.

Досега најуспешен на Охридскиот маратон е Живко Стојчески, почесниот претседател на трката, кој петпати прв стигнал на целта.

Инаку, самиот маратон се одржува во Охрид од 1976 година, а се до 1993 година на 7 ноември – Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна. Од 2004 година наваму маратонот добива меѓународен предзнак, и со исклучок на 2011 година, се одржува секоја година по повод Денот на осамостојувањето на РМ.

Би можело да ве интересира

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава-посебен сообраќаен режим во Охрид

Горан Наумовски

Безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид поради посетата на Орбан

Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид

Катерина Ѓуровски

Две момчиња се тешко повредени во сообраќајка во Охрид