Најмалку 10 турски полицајци загинаа во напад на минибус

Од:

Најмалку десетмина припадници на турската полиција загинаа во бомбашки напад на минибус во источниот дел на земјата, во провинцијата Игдир, соопштија денеска локалните власти.

Нападот, за кој се претпоставува дека го извеле припадници на Работничката курдска партија (ПКК) изведен е на минибус во кој се наоѓале полицајци кои работат на граничниот премин кој води од истокот на Турција кон Азербејџан, јави турската телевизија НТВ.

Во текот на ноќта повеќе од 50 турски воени авиони ги нападнале позициите на борците на ПКК на северот на Ирак, при што загинале најмалку 40 припадници на ПКК, јави турската новинска агенција Анадолија.

Во извештајот се наведува дека повеќе од 50 турски воени борбени авиони учествувале во нападот кој траел шест часа, а во кој загинале меѓу 35 и 40 терористи.

Во судирите меѓу турските безбедносни сили и припадниците на ПКК пд јули, кога беше прекинато примирјето, загинаа повеќе од 70 припадниците на турските безбедносни служби и стотици борци на ПКК.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски