Во Австрија од Унгарија овој викенд влегле 15 илјади бегалци, а само 90 од нив поднеле барање за азил, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Австрија, Карл-Хајнц Гриндбек.
Тој додаде дека поголем број бегалци го продолжиле патот кон Германија.
Австриската полиција во меѓувреме соопшти дека 260 бегалци ја поминале границата пред полноќ и дека со воз продолжиле кон Виена.