Три најсилни природни антибиотици за кои не ви треба рецепт

Од:

Плодовите од природата од памтивек се користеле за чување на здравјето и лечење на разни болести, а многу лекови на модерната медицина се темелат токму на корените, лисјата, цветовите, плодовите и минералите кои се во природата. Сакате ли на природен начин да победите болест и да го зајакнете имунитетот, побарајте ги овие три најсилни антибиотици за кои не ви треба рецепт.

Масло од оригано

Ова волшебно масло се добива од лисјата од билката оригано. Освен што мирисот на ориганото и аромата соврешено одат со многу јадења, врз основ на многу истражувања, маслото од ореганото е моќен борец против инфекции благодарение на состојката под името карвакрол.
Многу мала доза од ова масло поседува неверојатни антибактериски својства против дури 25 различни видови бактерии.
Дозирање: 1 до 4 капки три пати на ден да се пијат во шоља чај или чаша сок.

Лук

Го сакаме во храната, го сакаме во прав, суров или во салата. Лукот е крал на зеленчукот. Неговата силна арома и мирис го претвораат во совршен зачин, но лукот има многу помоќни својства. Лукот е силен, природен антибиотик кој не ги уништува нашите здрави бактерии како што тоа го прават хемиските антибиотици.

Поради основната состојка на масло од лук со алин кој со сечење и пресување се разградува во алицин, лукот има антибиотичко дејство. Го успорува растот на бактериите и успешно ги уништува вирусите и гливиците, па е многу ефективен како средство против настинка и грип.
Дозирање: 2 до 4 главици лук дневно како додаток на храната, или во салата, а на кого не му пречи мирисот и силниот вкус може да го јаде и суров.

Чили пиперчиња

Пиперчињата Cyanne познати под имињата чили, лута или црвена пиперка, е важен дел од азиската историја како во кулинарството, така и во традиционалната медицина. Овој многу едноставен зачин со лут но дискретен вкус оди со многу јадења и десерти, а најчесто се користи сушена или во облик на прав.

Нивните моќни својства за здравјето се многу широки, а во ајурведа и кинеската медицина се ценет аналгетик против болки и ефективно против воспалитено и антибактериско средство.

Дозирање: 1 до 2 лажички дневно како додаток во храната, или поделете ги во два филџани чај или сок.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска