Приведено лице од Порој за нелегална сеча на дрва

Од:

Два трактори со околу пет метри кубни огревно дрва, како и седум исечени трупци со различни должини од 3 до 5 метри пронашла полицијата при синоќешната акциска контрола што во периодот од 20 часот до полноќ била спроведена во месноста Каптажа кај селото Џепчиште, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Тој посочи дека акциската контрола била дел од активностите за спречување на нелегална сеча, транспорт и продажба на огревно дрво.

– Во првиот момент на местото каде биле тракторите немало никој за подоцна тракторите како свои ги пријавил Х.Р.(38) од Порој. Тој бил приведен во полицискта станица Тетово, а тракторите со дрвата, исечените трупци, една моторна пила и една секира биле одземени при што исечените дрва и трупци и биле преддаени предадени на шумската полиција. По извршениот разговор Х.Р. бил пуштен и ќе се соочи со соодветен поднесок, појасни Јосифовски.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски