В4 го отфрли предлогот на ЕК за натамошна прераспределба на мигранти

Од:

Земјите од Вишеградската група (В4) на вонредниот самит кој се одржа вчера, одлучно го отфрлија подготвуваниот предлог на Европската комисија (ЕК) за прераспределба на уште 120.000 бегалци во рамки на Европската унија.

Клучот за решавање на тековната миграциска криза според премиерите на Полска, Словачка, Чешка и на Унгарија, е на друго место.

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка на прес-конференцијата истакна дека секоја дискусија за квоти е пропратно прашање, а суштината на проблемот, според него е ситуацијата во земјите како Сирија и Либија.

– Тоа за што се договоривме е дека дебатата за квотите има единствена цел да го одвлекува вниманието од тоа што е основа на тој проблем. Европа ја изгуби способноста да ја регулира миграцијата, изјави Соботка.

И полската премиерка Ева Копачова е против обврзувачките квоти, за кои смета дека би привлекле повеќе бегалци. Таа смета дека тие немаат смисла без дополнителни чекори, како исклучување на економски мигранти или луѓе на кои им се заканува опасност и приспособување на прифатилишта.

Слично размислуваат и Роберт Фицо и Виктор Орбан, премиерите на Словачка и Унгарија. Фицо оцени дека голема грешка на европската политика би било затворање на границите на Шенген зоната.

Претставниците на В4 се изјаснија и за зајакнување на помошта за посебно загрозени групи на бегалци или зголемување на финансиска и материјална помош на земјите каде имаат мнозинство бегалци.

За предлогот на ЕК за зголемување на бројот на бегалци кои ќе се распределуваат по европските земји ќе се разговара идната недела.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска