Грчкото МНР со критики до Орбан

Од:

Извор од грчкото Министерство за надворешни работи ги критикуваше изјавите на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој ја обвини Грција за бегалската криза и ситуацијата на српско-унгарската граница.

– Никој не би очекувал такво однесување од шефот на една европска држава која од прва рака знае што значи наметнување на надворешна сила, криза и бегање, кога по советската инвазија во 1956 година унгарски политички бегалци тргнаа масовно кон Западна Европа, изјавил извор од грчкото МНР за државната агенција АНА МПА.

– Се прашувам, дали лидерот на оваа пријателска земја ја води кон патот на дефинирање на принципите на обединета Европа, како што се почитување на човековите права, плурализмот и солидарноста, рекол истиот извор.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит