„Двесте жители од улицата „Адолф Циборовски“ (поранешна „Мајка Тереза“), писмено се обратија до градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, барајќи решавање на нивниот долгогодишен проблем со огромните дупки и руинираната улицата.
Жерновски и општината веднаш реагираа и нарачаа проект за асфалтирање на улицата“, соопштуваат од Општина Центар.
„Но, на средбата со граѓаните се увиде дека проблемот е поголем. Освен огромните дупки на улиците кои претставуваат опасност и ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот, констатирано е дека тротоарите се пропаднати, нема атмосферска канализација, каблите од ЕВН висат над улицата.
Жерновски предложи, а жителите со задоволство прифатија, „Адолф Циборовски“ комплетно да се реконструира и да добие нов изглед.
Ќе се нарачаат проекти за водовод и атмосферска канализација, ќе се реконструираат тротоарите.
Општина Центар од ЕВН ќе побара каблите да ги спушти под земја, а улицата ќе ја краси и нов дрворед“, пишува во соопштението на Општина Центар.