Во Кобане погребани двете сириски деца и нивната мајка, кои се удавија во обид да стигнат до Грција

Од:

Двете сириски деца и нивната мајка, кои се удавија, додека се обидуваа да стигнат до Грција, денеска се погребани во сирискиот курдски град Кобане.

Тригодишниот Ајлан и неговиот брат, беа меѓу 12-те сириски бегалци кои загинаа неделава во обид да стигнат од Турција до грчкиот остров Кос. Снимките на тригодишниот Ајлан го обиколија светот.

abdulah-kurdi

Таткото на децата Абдулах Курди присуствуваше на погребот во Кобане. Тој изрази надеж дека загинувањето на неговото семејство ќе ги поттикне арапските држави да им помогнат на сириските бегалци.

– Барам од арапските влади, не од европските земји, да видат што се случи со моите деца и заради нив да помогнат на луѓето, истакна Курди.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија