Познати ликови со жолти табли на улиците во Скопје

Од:

Низ скопските улици можат да се забележат голем број познати македонски личности од различни сфери, кои во рацете држат жолти табли и се фотографираат.

Станува збор за нова кампања на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, од каде не откриваат за што станува збор.

– Точно е дека за потребите на наша кампања ангажирани се познати личности од повеќе сфери, но засега нема да откриеме која е причината. За неколку дена ќе бидете информирани во која кампања беа вклучени и кои се нивните пораки, велат од РСБСП.

Меѓу познатите личности кои ги забележавме се актерот Дејан Лилиќ, ракометарот Столе Стоилов, кошаркарот Влатко Илиевски, фудбалерот Дарко Глишиќ, пејачката Симона Поповска и уште многу други познати личности.

Би можело да ве интересира

Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош