Околу 10.000 бегалци и мигранти се преместени од пристаништето во Митилена на отворен простор во близина на плажата „Цамакиа“ на отровот Лезбос.
Припадници на грчката крајбрежна стража и полицијата ги принудија бегалците и мигрантите да ја напуштат областа на пристаништето и ги одведоа на отворен простор кој се наоѓа на неколку стотици метри од пристаништето. Соопштено е дека ќе се направи обид да се пребројат мигрантите.
Градоначалникот на Митилена Спирос Галанос во изјава за телевизијата ЕРТ ситуацијата ја опиша како „експлозивна“.
Претходно околу илјада Авганистанци се обидоа да го окупираат фериботот „Сина ѕвезда 1“.