Германската полиција соопшти денеска дека пет лица се поврдени во пожарот кој избувнал во засолништето за бегалци во Хепенхајм во западногерманската држава Хесен, пренесува Хина.
Засега нема точни информации како пожарот започнал.
Германија, која очекува приливот на бегалци и мигранти за четири пати да се зголеми оваа година и да достигне околу 800 илјади, регистрираше повеќе од сто подметнувања на пожар во засолништата на азиланти во последните неколку години.