Ердоган: Целиот западен свет е виновен за смртта на малиот Ајлан Курди

Од:

Целиот западен свет е виновен за смртта на малиот Ајлан Курди, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, по повод смртта на тригодишното Сиријче чие тело неделава беше откриено на брегот на одморалиштетот Бодрум.

Во интервју за Си-Ен-Ен Интернешнел, дадено доцна синоќа, Ердоган рече дека кога ги видел снимките од мртвото момче „се распаднал“.

– Кога ги видов снимките бев заедно со моето семејство. Ги гледвме снимките со моите деца и внуци и плачевме заедно, изјави турскиот претседател. Се прашав: Каде е човештвото? Каде е совеста на луѓето?. А за одговорноста за овој ужас навистина сметам дека е на целиот западен свет, додаде Ердоган.

Тој потсети дека многу деца и нивни мајки и татковци загинале во Средоземното Море во обид да стигнат до Европа. Истовремено тој посочи дека од почетокот на годината, турската крајбрежна стража спасила над 50 илјади лица.

Претседателот уште рече дека Турција со големо гостопримство ги прима бегалците од Сирија и Ирак и од таа причина во земјата има околу два милиони бегалци. Тој упати критика поради односот кон мигрантите во сите европски земји, но главно кон Грција, Италија, Шпанија, Франција и Унгарија.

Ердоган потенцираше дека светот треба да преземе заеднички активности за да биде дадена шанса за живот на луѓето кои бегаат од војните.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски