Средба на Зоран Заев со Фатос Река

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Албанија во Република Македонија, Фатос Река.

На средбата се зборуваше за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за демократските предизвици со коишто се соочува земјава, како и за можностите за продлабочување на соработката помеѓу Македонија и Албанија.

Претседателот Заев го информираше амбасадорот Река за текот на преговорите помеѓу четирите политички партии потписнички на договорот од 2-ри јуни/15-ти јули.

-Роковите се дефинирани и треба да бидат испочитувани како и превземените обврски. Специјален обвинител мора да се избере. Очекуваме во најскоро време да се изнајдат решенија, коишто ќе бидат во интерес на сите граѓани на Република Македонија, рече Заев.

Претседателот Заев на средбата ја истакна и огромната поддршка од страна на претседателот на Социјалистичката партија на Албанија, Еди Рама, но и за одличната меѓусебна соработка на двете сестрински партии.

-Граѓаните во Македонија, без разлика на нивната етничка или верска припадност, сакаат подобра економија, подобро образование, подобро здравство за сите. Затоа, Македонија ќе ја градиме заедно како едно општество за сите нејзини граѓани, додаде Заев.

Амбасадорот Река посочи дека Албанија и Македонија како соседни држави имаат билатерална и економска соработка којашто придонесува за подобар соживот на сите граѓани.

-Имаме солидна економска соработка и очекуваме дека таа во иднина ќе се продлабочува, рече амбасадорот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите