Нов Центар за спорт и спортски развој е отворен во Скопје кој е наменет за развој на моторичките способности и превенција на телесни деформитети кај децата на возраст од 3 до 18 години.
Основната програма на Центарот се состои од два до четири тренинга неделно од по 60 минути за чие времетраење на забавен начин преку игра децата се воведуваат во светот на спортот.
– Ваквиот вид на програми повеќе од 30 години се користат во Франција, Велика Британија и други држави ширум целиот свет, а во последните пет години значително се шири и на Балканот каде што се здобива со се поголема популарност и претставува вистински хит кај децата и нивните родители, изјави Марко Ристески, еден од тренерите во тенискиот клуб „Hit & Run“.
Тој нагласи дека над 600 научни студии докажуваат дека програмите од овој вид исто така влијаат и на превенцијата од појава од гојазност, агресивност и го развиваат тимскиот дух на децата.