ВИДЕО: Мигрант ја турна сопругата и бебето на пруга, како протест што се спречени да одат во Германија

Од:

Мигрантите кои тргнаа од Будимпешта, наместо во Германија, возот ги однесе во бегалски камп во близина на австриската граница. Ваков епилог следуваше откако натоварените возови од Будимпешта долго време не тргнуваа никаде, туку стоеа на железничката станица.

По тргнувањето мигрантите мислеа дека успеале во намерата да стигнат во Германија, но беа разочарани од тоа каде пристигнаа.

Во знак на протест еден мигрант ја турна својата сопруга со бебето на железничката пруга, а потоа се фрли и тој, со цел да протестира за спречувањето да стигнат до Германија. Унгарската полиција примени сила за да ги однесе во бегалскиот камп.

Би можело да ве интересира

Трамп: Веднаш ќе ја запрам инвазијата на мигрантите во Америка

A1on

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Грчката крајбрежна стража пукала во брод со мигранти, загинал маж

Се преврте чамец со мигранти на Дрина, пронајдени 10 тела, меѓу нив бебе и мајка

Пронајдени се седум тела на мигранти кои се удавија во Дрина при обид да преминат во БиХ

Полицијата пронајде тројца мигранти на влезот од Велес

Горан Наумовски