Грчката Влада ќе воведе нови мерки за бегалци и мигранти

Од:

Грчката преодна Влада ќе донесе мерки за подобрување на условите за десетици илјади бегалци и мигранти, кои пристигнуваат на грчките острови во источниот дел на земјата, како и за жителите на островите, изјави денеска министерот за миграциска политика Јанис Музалас.

Според него, мерките наскоро ќе бидат објавени, а се очекува да се обезбедат подобри услови како за бегалците, така и за жителите на островите кои се соочени со проблеми.

– Проблемот е многу голем. Јас сум оптимист дека може да се избегне кризата, истакна Музалас.

По состанокот со грчката премиерка Василики Тану, министерот Музалас нагласи дека е неопходна интервенција од ЕУ и ОН.

Од почетокот на оваа година во Грција пристигнале повеќе од 200.000 мигранти.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит