Филип Јаневиќ: Сваровски судството во одбрана на Груевски

Од:

Oсновниот суд Скопје 1 го демаскира криминалот сторен од Никола Груевски и неговата свита, со тоа што одлучи снимките од прислушувањето да се издвојат како незаконски прибавени докази, вели Филип Јаневиќ од ЛДП.

Тој смета дека преку ваквата одлука Груевски се обиде да го маскира својот страв од специјалниот јавен обвинител и се затскрива зад контролираното судство.

Либерално-демократската партија не е изненадена од одлуката на судот, снимки од телефонски разговори и транскрипти поднесени со кривичната пријава од опозицијата да се отфрлат како докази.Напротив сметаме дека ова е потег на судот без преседан.

Но, како партија сме сериозно загрижени бидејќи ваквиот чин уште еднаш го потврдува она што опозицијата постојано го говори, а тоа е дека сваровски судството е под целосна контрола на врхушката на ДПМНЕ и затоа сметаме дека на Р. Македонија и е потребен и посебен оддел во судот кој ќе одлучува по предметите на специјалниот обвинител.

Од прислушуваните разговори целата македонска јавност слушна на кој начин и по кој критериум се избираат судиите и како се нарачуваат судски одлуки против неистомислениците на власта. Индикативно е што оваа одлука на судот се совпаѓа со денот на враќањето на опозицијата во парламентот.Сакаме да потсетиме дека извештајот на Прибе и договорот од Пржино се темелат токму на овие прислушкувани разговори, кои што опозицијата ги презентираше пред македонските граѓани.

Договорот од Пржино е постигнат бидејќи е суспендирано функционирањето на институциите, целосно узурпирани од власта, што значи да беше возможен нормален процес немаше да има потреба од договор.

Го повикуваме второстепениот суд сериозно да ја преиспита оваа скандалозна одлука на Основниот суд Скопје 1.

А, на Груевски му предочуваме дека за него веќе нема поправен испит, договорот од Пржино нема да биде уште една палома хартија , туку напротив тој ќе се испочитува во целост и докрај.

Би можело да ве интересира

Средба Зајкова – Кос: Македонија мора да биде подготвена како Исланд за членство, а ЕУ да биде искрена, брза и креативна во поддршката

Зајкова: Среќен и благословен Бајрам – исполнет со мир, хармонија и заедништво

Предраг Петровиќ

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Зајкова: Сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица од 1991 година до денеска

Предраг Петровиќ

ЛДП: Строги контроли не само во локалите, туку и во детските градинки, училиштата и други големи објекти

Аврамоска-Ѓореска: Не е само 8 март ден на жените

Горан Наумовски