ВИДЕО: Пежо Фрактал – урбан електричен кабриолет

Од:

Француската компанија „Пежо“ официјално го претстави концептот „Фрактал“ најавен како урбан електричен купе кабриолет автомобил.

Новиот концепт од ПСА групацијата има мали димензии со должина од 3,81 метар и ширина од 1,77 метри, додека вкупната тежина изнесува само 1.000 килограми со покрив на расклопување.

Атрактивниот изглед е надополнет со 19-инчни тркала, што според Пежо овозможуваат лесно движење низ градскиот сообраќај. Фрактал доаѓа со погон на сите тркала и прилагодливи амортизери.
132785372

За погон е задолжен електричен систем од два електрични мотори од 100 коњски сили на секоја од осовините, што работат заедно со батерија од 30 килоВат часа. Фрактал има автономија на движење од 450 километри.

Пежо Фрактал од 0 до 100 километри на час забрзува а 6,8 секнди, а првиот километар го минува за 28,8 секунди.

Интересен е фактот дека 80 проценти од деловите во внатрешноста на кабината се произведени со 3Д принтер. На централната конзола доминира 7,7 инчен Амолед екран осетлив на допир, што е поврзан со 9.1.2 аудио систем.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ