Бродот со илегално оружје запленет кај Крит бил во сопственост на грчка компанија

Од:

Товарниот брод со непријавено оружје, кој вчера беше запленет во близина на Крит и припаѓа на грчка компанија, јави електронското издание на „Катимерини“.

Сопственикот и операторот со бродот „Хадад 1“ се регистрирани на иста адреса во Пиреја. Фирмата го поседувала бродот од февруари 2015 година.

Постапувајќи по разузнавачки информации, грчката крајбрежна стража, придружувана од воени специјални сили, вчера го пресретна бродот и по извршената инспекција, на него пронајде контејнер со оружје. Полициски извори за „Катимерини“ изјавиле дека оружјето, било скриено меѓу пластичниот товар кој бродот легално го превезувал.

Бродот денеска е закотвен на пристаништето Ираклион на Крит.
Бродот „Хадад 1“, кој пловел под боливиско знаме, имал седум члена екипаж составен од Сиријци, Египјани и Индијци.

Грчка антитерористичка единица ќе ја продолжи истрагата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит