Стана милијардер, но вели дека никогаш не бил поосамен

Од:

Човекот кој го измисли „Мајнкрафт“, Маркус Персон, на „Твитер“ се пожали дека никогаш не се чувствувал поосамено.

Пред повеќе од една година ја продаде неговата компанија „Моџанг“ за повеќе од две ипол милијарди долари. Потоа купи огромна куќа на Беверли Хилс за 70 милиони долари, како и неколку скапоцени автомобили и уште неколку екстравагантни „играчки“.

Сепак, според неговите последни „твитови“ раскошниот живот не го прави многу среќен.

– Некогаш кога ќе имате се, проблемот е во тоа што повеќе немате причина да се трудите, а односите со луѓето се невозможни поради нееднаквоста, напиша Персон.

Милијардерот рече дека и покрај тоа што е на Ибица со пријателите и прави што сака, никогаш не се чувствувал поосамено.

– Најдов супер девојка, но таа се плаши од мене и мојот животен стил, па место место одбра нормална лчност, напиша на Твитер.

– Би направил исто што и Илон Маск, но повторно би бил изложен на лошите луѓе поради што го продадов Мајнкрафт. Луѓето кои наеднаш станале успешни ми велат дека тоа е нормално и дека ќе помине. Тоа е добро да се знае. Одам да се туширам, напиша Персон и им се заблагодари на сите за поддршката.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ