Од Гевгелија кон Табановце утрово заминаа околу 500 бегалци

Од:

Пред околу половина час утрово од железничката платформа кај прифатниот пункт за мигранти од Гевгелија кон Табановце замина првиот специјален воз со околу 500 бегалци кои беа пристигнати во текот на ноќта.

Според информациите од железничка станица во Гевгелија, денеска кон северната граница треба да заминат три воза. Следниот по околу еден час ќе биде поставен на платформата кај прифатниот камп.

Во текот на изминатото деноноќие, со четири специјални возови од Гевгелија до Табановце транзитирале околу 2.200 мигранти. Бројот на возови и распоредот на нивно тргнување се утврдуваат според потребите на прифатниот камп.
Проценките на УНХЦР велат дека вчера низ земјава транзитирале околу 3.000 мигранти, затоа што покрај возовите од Гевгелија кон Табановце заминале уште десетина автобуси и исто толку такси возила.

Од меѓународниот Црвен крст велат дека неопходната медицинска помош им се дава на сите мигранти на кои им е неопходна. Според нивна евиденција, најмногу мигранти доаѓаат од Сирија, но во последно време се повеќе ги има и од Ирак, Иран, Авганистан, Пакистан, Бангладеш,Сенегал и Конго.

Како куриозитет вчера во кампот во Гевгелија било евидентирано и едно малолетно лице од Шпанија.Многу фирми од земјава и понатаму донираат храна и вода за бегалците.

Би можело да ве интересира

САД: Украински бегалци по грешка известени дека мора веднаш да ја напуштат земјата

Во Македонија регистрирани 201 Украинец, азил побарала само мајка со три малолетни деца, но се премислила

Маја Илиевска-Пачемска

Влада: Преземени првите мерки за прифаќање на украинските државјани

А1он

Заврши престојот во Македонија за уште 43 граѓани на Авганистан

А1он

Македонија со спасувачка мисија за уште 97 граѓани од Авганистан, активисти на НДИ

А1он

На Скопскиот аеродром пристигнаа 44 авганистански активисти со своите семејства

А1он