Први фотографии од новиот ДС4 и ДС4 Кросбек

Од:

Новиот луксузен бренд на Цитроен, ДС објави официјални фотографии од освежениот ДС4 модел, како и целосно новата Кросбек изведба за 2016 година.

Новиот ДС4 е претставен заедно со ДС4 Кросбек кросовер, а најголема разлика е на предниот дел, што сега има впечатливи линии од поголемиот ДС5 на маската на ладилникот, предниот браник и светлата.

132783755

Француската компанија со новиот ДС4 планира сериозно да конкурира на германските ривали Ауди А3 и БМВ Серија-1.

ДС 4 има нови светла со напредна технологија како 84 ЛЕД лампи на дневните светла, како и ЛЕД светилки во покажувачите на правец, додека главните ксенон светла се прилагодливи на патот.

Премиум односот продолжува и во внатрешноста каде на располагање се кожни седишта, хромирани детали и Епл „КарПлеј“ системот со седуминчен екран осетлив на допир што дебитира во моделите на Пежо-Цитроен групацијата.

Најважна промена се однесува на воведувањето на целосно нова изведба ДС4 Кросбек. Во споредба со стандардниот модел Кросбек има за 30 сантиметри повисоко растојание од подлогата. На долниот дел се поставени заштитни елементи за спречување помали физички оштетувања при теренско возење.

ДС4 Кросбек визуелно се разликува и по црните носачи на покривот и црните куќишта на ретровизорите.

Од моторите, тука се трицилиндерскиот 1,2 литарски со 128 коњски сили, 1,6 литарските бензинци со 163 и 207 коњски сили. Двата модели ќе имаат БлуХДи дизели со зафатнина од 1,6 литри со 118, 148 и 178 коњски сили.

Новите ДС4 и ДС4 Кросбек ќе бидат премиерно претставени во септември, а на пазарот се очекуваат кон средината на 2016 година.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ