ЛДП: Иницијатива за намалување на цените на услугите на ЈП „Градски паркинг“ Скопје

Од:

На седницата на Советот на град Скопје одржана на 30 август 2015 година, советникот на Либерално демократската партија Зоран Шапуриќ, во име на опозицијата покрена иницијатива за намалување на цените на услугите на ЈП ,,Градски паркинг,, Скопје за паркирање во катните гаражи и зонско паркирање во градот Скопје.Мотивите за ова иницијатива се усогласување на цените на паркинг услугите со куповната моќ на граѓаните и подобро користење на паркинг просторот осбено во катните гражи кои во најголем дел од денот се празни и покрај огромните потрошени средсва за нивната изградба.

Во овааа смисла е иницирано цените за паркирање во катните гаражи да се намалат од 30 денари за час на 15 денари за паркирање од 1 час, како и цените на зонското паркирање во зоните Б и Ц да се намалат за 20 проценти. На една од наредните седници на Советот ќе биде изготвено и барање оваа иницијатива да биде ставена како посебна точка. Либерално демократската партија во континуитет се залага за намалување на цените на паркинг услугите во градот Скопје, која треба да е усогласена со стандардот на граѓаните и истовремено со поефикасно работење на ЈП ,,Градски паркинг,, Скопје да се подобрува квалитетот на услугите.

Би можело да ве интересира

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите