Уште еднаш: како креатори на демократијата, Грците не можат да му се наситат на гласањето

Од:

Економист – Лондон

Кога се сомневаш во нешто, свикај избори, гласи една грчка политичка поговорка. По едвај седум месеци на власт, премиерот Алексис Ципрас даде оставка на 20 август со намера да добие нов мандат. Овој чекор беше направен по бунтот на тврдолинските претставници во левата партија Сириза против строгите економски мерките кои ги донесе мнозинството на Ципрас во парламентот. На 20 септември, Грците ќе гласаат по шести пат за последниве осум години.

Од политичка гледна точка, има логика Ципрас да побара нов мандат наместо да се обиде да продолжи со стариот, накривувајќи. Мерките за економии наложени од европските кредитори ќе почнат да се чувствуваат болно во октомври, по што управувањето може да стане дури и покомплицирано.

Кредиторите до голема мера го поддржаа враќањето кон урните, иако со тоа се зголемува несигурноста на краткорочен план. Во секој случај, тие имаат намера да дадат финансиска инекција дури кога мерките за кои Ципрас бара ангажман ќе бидат спроведени.

Според најновите истражувања на јавното мислење, Сириза води пред партијата Нова демократија со 24 наспроти 22 проценти, што е неочекувана мала разлика. Околу 15 проценти од гласачите не се решиле за кого ќе гласаат. Сондажите, направени пред донесувањето на пакет економски мерки, и даваше на Сириза 33-35 проценти, што ја доближуваше партијата до 36,3-те проценти кои ги постигна на изборите во јануари.

Бунтовниката фракција во Сириза, предводена од Панајотис Лафазанис, поранешниот висок кадар во Грчката комунистичка партија и до неодамна министер за енергија во кабинетот на Ципрас, брзо се претвори во нова политичка партија наречена Народно единство. Таа вклучува 25 народни претставници во сегашниот парламент, и веројатно ќе привлече уште една третина од 200-те членови на централниот комитет на партијата, предвидуваат внатрешни извори.

Лафазанис ќе поведе кампања за излегување од еврозоната, и враќање на драхмата. Околу 25 проценти од грците се за таква промена, тврдат претставници на Народно единство. Неодамнешно истражување на јавното мислење покажа 4,5 проценти поддршка за оваа формација. Блескавиот поранешен министер за финансии, Јанис Варуфакис, кој се претвори во меѓународен гуру во борбата против строгите економски мерки, одби да се приклучи.

Ципрас се надева дека краткото време за правење предизборна кампања ќе биде во негова полза. Опозицијата дејствува необединето и благодарение на елементи во изборниот кодекс за избори, кои се создаваат во рамките на 12 месеци од претходните избори, како лидер на неговата партија Ципрас има право да ги избере сите свои кандидиати. Двата месеци контрола над капиталот кој ги ограничуваше грците да повлечат само по 60 евра на ден, и боксувачката економија, не влијаеа на личниот рејтинг на Ципрас. Иако немаше како да избега од економските мерки, „тој се впушти во битка со караници против германците во преговорите, и тоа ги натера луѓето да се чувствуваат подобро“, изјави Аирстидес Фениос, сопственик на автосервис.

Но повеќето аналитичари предвидуваат дека Сириза нема да успее да освои целосно мнозинство (на јануарските избори партијата доби 149 од 300 места во парламентот) и тоа ќе ја принуди да влезе во коалиција.

Наградата за Грција ќе биде вклучена во новата програма наложена од кредторите, и ќе се има достап до милијарди евра во новите фондови – морков предложен од Европската комисија кој може да помогне за брзо враќање кон постојан економски раст од 2016 година. За него веќе се класираа Ирска и Португалија, откако успешно ги исполнија условите од своите програми за спас. Но изморените Грци ќе треба прво да истрпат уште едно гласање.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит