Лидерот на грчката партија Потами, Ставрос Теодоракис ги повика Грците да ги отфрлат главните кандидати во изборната битка, Сириза и Нова демократија, велејќи дека е „стара бајка“ да се верува дека еден од нив може да ја спаси Грција.
– Грција не сака да се врати во минатото на Ципрас, или во минатото на Меимаракис, изјави Теодоракис на предизборната средба со граѓани во Солун на која одговараше и на новинарски прашања.
Лидерот на Потами, исто така го обвини Ципрас дека е „неверојатно бесрамен“ што бара од гласачите апсолутно мнозинство „кое ќе му даде можност да донесе нови лоши одлуки“.