Меимаракис: Нова демократија ќе ја врати насмевката на Грците

Од:

Нова демократија е партијата која го поддржува единството меѓу Грците, изјави нејзиниот лидер Вангелис Меимаракис во својот говор на затворен стадион во градот Патрас, во рамките на изборната кампања.

– Нова Демократија е политичка моќ која му служи на единството на Грците, затоа што некои други сакаат да не поделат со својата реторика и говор, рече лидерот на најголемата грчка опозициска партија, додавајќи дека „НД е европска, патриотска, социјална и прогресивна сила“.

Меимаракис го обвини лидерот на Сириза, Алексис Ципрас дека шири лаги истакнувајќи дека „никогаш претходно еден премиер нема направено толку многу лоши работи за толку кусо време, и никогаш претходно немало политичар кој кажал толку многу лаги како Алексис Ципрас“.

– Нова демократија ќе ја врати насмевката на луѓето, рече Меимаракис, обвинувајќи ја Сириза дека ги направила Грците меланхолични.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит