За три дена во Грција спасени 2.500 мигранти

Од:

Грчката крајбрежна стража соопшти дека спасила речиси 2.500 имигранти во море во десетици спасувачки операции во викендот.

– Спасени се вкупно 2.492 лица во 70 операции крај источните острови Лезбос, Иос, Самос, Агатониси, Фармакониси, Кос и Сими од петокот наутро до денеска, соопшти крајбрежната стража.

Грција е соочена со рекорден број бегалци и мигранти оваа година. Најголем дел од нив се од Сирија и Авганистан. Над 200.00 се пристигнати до денеска. Речиси сите се носат до северната граница со Македонија од каде потоа се упатуваат до западноевропски држави.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит