Просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата во Македонија во првата половина од годинава изнесува 5,024 денари по киловат час, што е за 1,29 отсто помалку во споредба со истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Просечната цена на електричната енергија за индустријата без данокот на додадена вредност се движи од 3,319 до 8,395 денари по киловат час, во зависност од групата на потрошувачи.
Просечната цена, пак, на природниот гас за индустријата без данокот на додадена вредност е од 24,497 до 25,533 денари по нормален метар кубен.