Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама почна да подготвува воведување на економски санкции за кинеските компании вмешани во хакерските напади врз американски организации, објави „Вашингтон пост“.
Весникот наведува дека пакетот санкции ќе биде за „оние кинески компании и приватни лица кои имаат корист од кибер кражбите на американските трговски тајни“.
Одлуката за санкциите најверојатно ќе биде донесена во следните две недели.
„Вашингтон пост“ наведува дека „секоја слична акција ќе биде посебно чувствителна за односите меѓу двете најголеми економиии во светот бидејќи меѓу Вашингтон и Пекинг веќе постојат тензии за неколку прашања.
САД повеќепати јавно ги обвинуваа Кина и Русија дека се „главни кибер напади“. Кина демантира вмешаност во кибер-нападите врз американски институции и фирми.