Вуцис: Сириза мора да се прости од „ставот на суперѕвезда“

Од:

Неодамнешните заминувања од партијата на членови на Сириза сигнализираа преодна фаза, кој заврши со националниот состанок одржан изминатиов викенд, изјави денеска поранешниот министер Никос Вуцис.

Според него, партијата сега може да се фокусира и да оди напред со „освојување перспективи“ и истакна дека левицата мора да се прости од „став на суперѕвезда“.

– Личните стратегии и амбиции внатре во партијата не се добри и доаѓа време кога ќе сфатиш дека имаш повеќе претседатели, или потенцијални претседатели или имагинарни претседатели од што можеш да издржиш, изјави Вуцис за телевизијата Мега.

Во врска со изминатите седум месеци кога Сириза беше на власт, тој призна дека имало големи тактички грешки и погрешни проценки, но истакна дека партијата била искрена и дала се од себе.

Коментирајќи ја бегалската криза, Вуцис истакна дека тоа е голем проблем за Сириза и оти нивото на соработка со турските власти било добро. Тој тврди дека има повеќе лажни НВО кои соработуваат со трговците со луѓе.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит