Општина Центар во борба со бучавата

Од:

Граѓаните се жалеа на бучава од повеќе кафе-барови кои се наоѓаат на територија на општина Центар. Општината се грижи за мирот и спокојот на центарци, и затоа надлежната инспекција на општината излезе на терен и изврши контрола во тие угостителски објекти.

добиените резултати од мерењата на овластената компанија, во 50% од контролираните е констатирано надминување на максималното дозволено ниво на бучава од 45 децибели. На следните кафе барови: “Стоби“, “Кубански Бар“, “Џуси Бар“ и кафе барот “Децата од нашата улица“, општина Центар ќе им издаде платен налог со казни од 500 евра за правното лице и 300 евра за одговорното лице. Доколку казната не се плати, ќе се поднесат прекршочни пријави.

По извршениот редовен инспекциски надзор на комуналната и градежна инспекција на општина Центар, во периодот јуни-јули 2015-та година, кај правни лица се утврдени неправилности и недостатоци при поставување на урбаната опрема. Тераси со и без настрешница и покриени или непокриени шанкови, согласно одредбите за поставување урбана опрема. Секторот за инспекција ќе преземе мерки за отстранување на констатираните неправилности и недостатоци. Контролите ќе продолжат и во наредниот период.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар