Почна Тиквешкиот гроздобер 2015

Од:

Со отворањето на изложбата „Скулптури од Кавадарци“ денеска започна годинашното издание на стопанско туристичката и културна манифестација „Тиквешки гроздобер 2015“.

Изложбата и манифестацијата за отворени ги прогласи претседателот на Советот на општина Кавадарци, Горица Пеливанова – Вилхелм.

– Оваа манифестација Кавадарци традиционално ја организира со години и се гордее со неа. Во нејзини рамки и оваа изложба која докажува дека Кавадарци навистина е расадник на уметнички таленти, рече Пеливанова Вилхелм.

На изложбата „Скулптури од Кавадарци“ која е поставена во градската Музеј галерија, се изложени 22 дела на 12 скулптори од Кавадарци- Пано Анѓушев, Мино Стојанов, Кирил Мукаетов, Диме Самарџиев, Гоце Давидов, Ранко Дакиќ, Елпида Хаџи-Василева, Соња Самарџиева, Иван Ковацалиев и Јован, Гоце, Ристе и Игор Јосифови.

– Посетителите ќе имаат можност да ги видат овие скулптури како тридимензионален ликовен израз на уметници кои имаат оставено траен уметнички белег, како во Македонија, така и надвор од неа, нагласи Весна Ѓорѓиева, куратор на изложбата.

Изложбата е финаниски поддржана од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанец барал помош од полицијата откако го истепала сопругата

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Пијан, со одземена возачка возел автомобил и не пропуштил пешаци

Горан Наумовски

33-годишен маж е тешко повреден во фабрика во Кавадарци

Во Кавадарци и Неготино сопруги пријавиле физички напад и закана од сопрузите

Пожар во Кавадарци: Изгоре дел од куќа