Економист – Лондон
Надгробните споменици на либанските гробишта ја раскажуваат историјата на Хезболах. Во подножјето на каменестите брда долж границата со Сирија, на скромните гробови се гледаат фотографии на млади мажи чии имиња се изгравирани со орнаментирана калиграфија; „Загинал во воздушите напади на омразените ционисти“, стои на надгробна плоча на борец од раните години на Хезболах, кој бил убиен тука во долината Бека, пред 30 години. На неколку метри понатаму, семејството тагува по сакан човек убиен претходниот ден во сирискиот град Забадани.
Оваа мрачна сила, која во минатото се прочу по бомбашките атентати и убиства, мина долг пат откако Иранската револуционерна гарда и ги обучуваше нејзините први кадри. Во последниве години, таа стана еден од најистакнатите учесници во граѓанската војна во Сирија, која војува на странта на владата. Сега таа е можеби најискусната и најопремена воена сила во арапскиот свет. Но тоа искуство беше здобиено по цена на многу човечки жртви и на намалена привлечност меѓу арапите. Нејзините загуби во последните три години на војната во Сирија, се оценуваат на околу 1500 души, а тоа е многу за сила со обем не повеќе од 15,000 души (во таа проценка не се вклучени резервистите). Жртвите кои ги дава на се поширока ериторија во која дејствува, ја натераа да ги намали некогашните високи барања за квалификации за новодојдените борци, велат ветерани од Хезболах.
Во минатото, Хезболах не учествуваше во тенковските опсади на арапските градови со сириска поддршка од воздух. Но денес освен што користи оклопна техника и далечински управуван ракети, нејзините борци од неодамна имаат и флота од вооружени беспилотни летала кои беа прикажани на видео снимки при воздушни напади во Сирија.
– Од партизанска армија таа прерасна во сила многу поспособна да извршува поширока гама на операции“, вели Џефри Вајт од Вашингтонскиот институт за блискоисточна политика.
Незиависно од учеството во Сирија, најважниот фронот на Хезболах останува границата со Израел. Борците велат дека „спротивставувањето“ на Ирзаел е приоритет број еден за Хезболах, и дека нејзините мрежи од бункери и тунели во јужен Либан се под надзор на искусни ветерани. „Овие момчиња живеат под земјата и секој ден се подготвени како следната војна да избувне утре“, вели еден од командантите.
Но сега главното внимание е насочено кон Сирија. Човек од Хезболах, кој собира регрути во јужен Бејрут, вели дека камиони со новодојдени борци тргнуваат секој ден кон Сирија, каде млади момчиња, меѓу кои и 16-годишници, помагаат во одбраната на градовите. „Бројот на новите војници кои ги обучуваме и испраќаме во Сирија не сопира“, вели тој.
Патиштата во долината Бека се преполни со транспортни средства на Хеболах – колони од џипови и автобуси, од кои повеќето превезуваат луѓе и доставуваат опрема кон Сирија, како и ранети војници кои се носат кон болниците. Минатата недела, блиску до селото Брител, џип гранд чероки без таблички профучи по правливиот пат со спуштени стакла, а внатре имаше огромни мажи со големи темни очила и автоматски пушки.
Не за првпат Хезболах се наметнува во туѓина, но тој чекор предизвика остри реакции. Во последнава деценија, Хезбулах ги обучуваше шиитските милици во Ирак и сириските национални сили за одбрана – милиции, поддржани од режимот. Неколкумина инструктори од Хезболах им помагаат на шиитските бунтовници во Јемен.
Некои аналитичари го отвараат прашањето дали Хезболах се обидува да извојува автономија од своите ирански поддржувачи. Но врските меѓу нив остануваат тесни. Во средината на август водачот на Хезболах, Хасан Насрала, се сретна во својот бункер во Бејрут со иранскиот министер за надворешни работи, Џават Зариф. Насрала во своите зборови ги фалеше иранските духовни лидери, а борците кои се приустни на бојното поле, велат дека Иран продожува да ги држи конците.
Поголемото прашање е каква ќе биде политиката кон Израел. Пред да го склучи договорот со западот за својата атомска програма, Иран го вооружуваше Хезболах со ракети од голем дострел за да го сопре Израел да ги напаѓа нејзините атомски постројки.
На 14 август Насрала ја истакна „божествената победа“ на својата организација над Израел во 2006 година, а сателитската телевизија Ал Манар прикажа интересен документарен филм за таа војна. Но додека царува војната во Сирија, многумина некогашни почитувачи на Хезболах се вознемирени што организацијата која беше создадена да војува против Израел, сега се бие против браќата муслимани.
При помал притисок од Иран врз Хезболах да покажува воздржаност дури и при поголем ракетен напад, опасноста од конфликт со Израел се расте. По насобраното искуство во Сирија, сега Хезболах може да се истакне како страотнио моќна сила.