Чешката економија со годишен раст на бруто домашниот производ (БДП) од над четири проценти, се зголемува најбрзо во Европа, покажуваат податоците на чешкиот Завод за статистика.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, растот на економијата традиционално се должи на автомобилската индустрија.
Според статистичарите, чешкиот економски раст бил рамномерно распореден меѓу секторите од домашната економија. Преработувачката индустрија бележи раст од седум проценти, а растот во градежништвото има постигнато стапка од 3,1 проценти. Со значајно темпо растеле и сите услужни дејности. Трговијата, транспортот и сместувањето споредено со минатата година забележале раст од 2,8 отсто
Од европските земји три процентната граница на пораст на БДП во вториот квартал, ја надминале Полска, Словачка и Шпанија.
– Меѓу земјите на ОЕЦД, пак, Чешка покажува трет најдобар резултат, веднаш по економиите на Кина и Индонезија, оценува економистот Лукаш Кованда од финансиката групација „Роклен“.