26-годишен работник во фабриката за производство на кондензатори „Кемет Електроник Македонија“ вчера починал при обид да се отстрани дефект од машина која паднала врз него, соопшти денеска полицијата.
Според полицискиот билтен, несреќата се случила вчера околу 11:00 часот во кругот на индустриската зона „Бунарџик“ во фабриката за производство на кондензатори „Кемет Електроник Македонија“ при обид да се отстрани дефект од работна машина која паднала врз Даниел Т.(26) од Скопје, кој починал на лице место.
СВР-Скопје на местото на настанот извршила увид, а по наредба на Јавното обвинителство телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.