Државата ќе ги плаќа придонесите за замените на жените на породилно

Од:

Владата вчера на седница го усвои Предлог законот за дополнување на Законот за вработување, кој овозможува поволност за работодавачот, односно да има можност за време додека има работник на породилно отсуство, да вработи друго лице кое ќе работи за периодот додека трае породилното отсуство на работникот кој го заменува и притоа за тој период да биде ослободен плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување.

За министерот Спасов, ова е позитивна стимулативна мерка со која ќе се влијае на намалување на злоупотребите на правото на користење на породилно отсуство за мајките и минимизирање на случаите на мобинг врз бремените жени.

– Утврдени се и заштитни механизни и мерки кои ќе бидат преземени со цел доследна примена на законот. На овој начин државата ќе го стимулира зголемувањето на наталитетот, при што ќе се стимулира вработувањето млади жени во компаниите, ќе се намалат случаевите на мобинг како и притисоците врз жената работник во делот на користење на правото на породилно отсуство, појасни Спасов.

– Предвидовме решение со кое работничка доколку роди повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе) има право на платено породилно отсуство од работа во траење од 15 месеца непрекинато. Исто така воведовме можност за сите мајки по завршување на отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство, имаат право на неплатено родителско отсуство до три месеци во периодот до навршување на тригодишна возраст на детето, рече Спасов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски