Група навивачи на албанската фудбалска репрезентација го запалиле македонското знаме пред натпреварот меѓу Албанија и Словенија, настан кој тие го снимиле и го објавиле на интернет.
Според непотврдените информации од Албанија, инцидентот се случил додека толпата навивачи се движела кон стадионот и пеела навредливи песни за Македонија.
За една година, ова е трет случај во кој навивачи го палат македонското знаме. Претходно тоа се случи во март, во Албанија во градот Бурелм, а потоа во Косово, кога играа младинските ракометни селекции на двете држави.