Во Виена денска почнува дводневна конференција за Западен Балкан како продолжение за берлинскиот процес инициран од лани од германскиот канцелар Ангела Меркел.
На конференција ќе се потпише договор за разграничување на Црна Гора со БиХ, додека за попладнево е најавен Форум за цивилно општество на Запден Балкан чиј домаќин е австрискиот шеф на дипломатијата Себастијан Курц.
Централниот настан ќе биде в четврток за кога се планирани состаноци во врска со изградбата на патот Ниш-Подгорица-Драч како и работен појадок на министрите за економија во регионот со ЕУ.
Самитот ќе го отвори австрискиот канцелар Вернер Вајман, а за резултатите по завршувањето јавноста ќе ја информираат тој, германскиот канцелар Ангела Меркел, високата претставничка за надворешна политика во ЕУ Федерика Могерини и во име на регионот српскиот премиер Александар Вучиќ.
Истовремено ќе бидат одржани и состаноци на шефовите на дипломатиите и министрите за економија на државите од регионот и претставници од ЕУ.
Форумот ќе биде можност за претставување на инфраструктурните проекти на регионот, но поради актуелната ситуација ќе биде во знак на проблемот со азилантите.