Компанијата специјализрана за тјунгинг „АБТ Спортслајн“ претстави нова серија додатоци за Ауди моделот РС3.
За сите што фабричкиот петцилиндерски турбо мотор со зафатнина од 2,5 литри не дава доволно моќ, односно сметаат дека 367 коњски сили се малку, тогаш решение е тјунираната изведба.
Моторот е подобрен за 67 коњски сили и сега РС3 има вкупно 430 коњски сили. Максималниот вртежен момент е зголемен на 530 њутнметри. Со тоа хеџбекот на Ауди забрзува од 0 до 100 километри на час за 4,1 секунда, а максималната брзина е електрински ограничена на 285 километри на час.
Освен зголемени перформанси, тука се и стилски додатоци. Ауди РС3 доби Континентал спортски пневматици 235/35 Р10, АБТ светла на вратите и АБТ ознаки на прагот, како и АБТ издув.