ГРОМ е за мнозински изборен модел со отворени листи

Од:

Евентуална промена на изборниот модел е од суштинско значење за функционирањето не само на Собранието на Република Македонија, туку и на сите влади во иднина, изјави на денешната прес-конференција организациониот секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) Љупчо Пренџов.

– Од тие причини сметаме дека евентуалната промена на постоечкиот изборен модел од шесте изборни единици треба да биде во мнозински изборен модел со отворени листи. На тој начин, луѓето со највисок кредибилитет кај граѓаните независно дали се членови или не на политичка партија ќе влезат во Собранието, рече Пренџов.

Тој систем, според ГРОМ, директно го подигнува квалитетот и кредибилитетот на Собранието.

Пренџов на прес-конференцијата праша како тоа за Зоран Заев трипати по ред да стане градоначалник на Општина Струмица не му пречеше мнозинскиот изборен модел, а сега му пречи, не му пречеше што нема направено попис, а сега тоа му пречи.

– Сметаме дека ниту една партија, чесна во своите намери не треба да се плаши од изборот на граѓаните на Република Македонија, рече организациониот секретар на ГРОМ Пренџов.

Би можело да ве интересира

Гром предизивка пожар во Бајловце, општина Старо Нагоричане

Горан Наумовски

Тринаесетгодишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики

Предраг Петровиќ

Гром удри во две момчиња во Радовиш, 20-годишно момче загина, неговиот другар повреден

Анита Петровска Рајковиќ

Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско – струшки регион

ЦУК апелира попладне на внимателност поради локална нестабилност, пороен дожд, силни електрични празнења и засилен ветер

Јакимовски призна пораз: Со среќа нека ви биде изборот, честитки до Сиљановска-Давкова

A1on