Дете од Центарот за бездомници се удави во Вардар

Од:

Познат е идентитетот на детето кое вчера околу 13:30 часот е извадено удавено од водите на Вардар во близина на зградата на  Министерството за надворешни работи.

– Се работи за дете кое беше претходно пријавено за исчезнато од Центар за бездомници. По наредба на јавен обвинител телото било предадено во Институтот за судска медицина, за обдукција, соопшти денеска МВР.

Како што е наведено во соопштението, вчера околу 13:30 часот во Скопје на ул.„Кеј 13-ти Ноември“, било забележано безживотно тело во водите на реката Вардар. Увидна екипа од СВР-Скопје излегла на лице место, при што од Одделението на ППЗ-Скопје телото било извадено од реката.

Доктор од екипата на итна медицинска помош констатирал дека смртта настанала како последица од давење во реката.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип