Овој тренд не е целосно нов и Дајен Китон на својата ќерка и го даде името Декстер, но давањето унисекс имиња сега е апсолутен хит во Холивуд.
Давањето неутрални имиња всушност сега се сведува на тоа на девојчињата да им се даваат традиционално машки имиња, така што всушност тоа и не е воопшто неутрално.
Оваа пракса треба да ги изедначува децата без разлика на полот, а благодарение на ѕвездите, добива на популарност и ширум светот.
Еден од најпознатите и најсвежи пример е името Норт Вест, кое Ким Кардашијан и го даде на својата ќерка, а Блејк Лавли за својата ќерка избра традиционално машко име, Џејмс.
Ќерката на Мараја Кери се вика Монро, Џејсон Ли своето девојче го нарече Каспер, а ќерката на Мила Јунис се вика Вајат.
Актерката Кристен Бел за својата ќерка го избра името Линколн, а Џесика Симпсон името Максвел.