Три интервенции на кумановските пожарникари во текот на вчерашниот ден

Од:

Околу 60-тина хектари сува трева и стрниште биле опожарени вчера на Никуљски Пат во Куманово. Две противпожарни возила со шестмина пожарникари пет часа интервенирале на пожарот кој избувнал во 12 часот, соопштија, денеска од ТППЕ Куманово.

Вториот пожар се случил во населбата Иго Тричковиќ каде горела сува трева и стрниште. Во гасењето на пожарот, покрај, пожарникарите учествувало и месното население, пожарот се случил во 12 часот,а бил изгаснат во 13:20 часот. Третата интревенција се случила на локација под Спомен Костурницата во Куманово на улицата „Доне Божинов“ во попладневните часови. За еден час, пожарот го изгасиле тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Таткото го поли синот со бензин и го запали – мајката го спаси

А1он

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени

Изгореа четирицикли на плац во близина на Попова Шапка

Горан Наумовски

Трагедија во Русија: Пожар „проголтa“ цела зграда, има мртви и повредени

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово